Perio Третмани

Perio Третмани

Пародонталната болест или како што е позната меѓу народот парадентоза е хронична дегенеративна болест на ткивото (гингивата, коската и лигаментите околу забот). Третманот кој се превзема се нарекува пародонтален третман и вклучува рачна обработка на мекото ткиво околу забот. Тоа подразбира отстранување на бактерискиот слој, тврдите конкременти со киретажа на пародонталните џебови.

Во нашата ординација овој третман не опфаќа само рачна обработка на мекото ткиво (која е неопходна) туку и ласерска стерилизација на џебовите со помош на Фотона ласерот кој овозможува максимална стерилна средина која што ќе допринесе за поздрава средина на забите.

Причини за појава на оваа болест се генетска предиспозиција, паднат имунитет и зголемен титар на бактерии, пушење, лоша хигиена, нездрав начин на живот, стрес и многу други.

Симтомите се следниве

  • крварење на непцата
  • лош здив
  • расклатеи заби
  • повлекување на гингивата

Најчесто овие случаи ги решаваме конзервативно со пародонтолошки третман, но има и случаи каде мора да се превземат пародонтални хируршки интервенции. Пародонтални хируршки интервенции се интервенции со чија помош се доведува во хармонија гингивалното здравје. Понекогаш поради различната должина на забите неопходно е ремоделирање на гингивата во кое спаѓа гингивектомијата и продолжувањето на коронарниот дел на забот.

Исто така тука може да се направи и зголемување на волуменот на ткивото (гингивал графт) со пресадување мало парче на ткиво од едно место на друго со што се постигнува саканата цел која може да биде и од функицонална и од естетска природа. Ова е честа појава кај ваден заб, кога коренот на забот е оголен, или кога имаме дисколорирана гингива.

 

КОНТАКТ

Ул. Климент Охридски 15
1000 Скопје, Р. Македонија

Телефон: +389 2 3226 733
Email: info@karakamchev.com.mk