Клиника

Стоматолошката ординација Др Т. Каракамчев е основана од Др. Томо Каракамчев во 1990 година, кој претходно работи како професор по протетика. По неговото пензионирање во 1996 година, ординацијата продолжува да ја води неговиот син Др. Васил Каракамчев.

Ординацијата воведува нови технологии и се проширува во нови простории во 2008 година кога се конципира како „Клиника со сите специјалности“ со постојано воведување на последните и најсовремени апарати и текови во модерната стоматологија.

Ординацијата поседува 5 кабинети: по општа стоматологија, протетика и дентална патологија каде на пациентите им овозможува приватност и дискреција при работата.

Еден кабинет е специјално уреден за детска стоматологија и превентива, кој на децата им овозможува во пријатен и несекојдневен амбиент да им се намали стравот и да се опуштат.

Салата за хируршки интервенции е опремена по најсовремени стандарди.

Во склоп на Дентал Центар Каракамчев работи и специјалистичката ординација по ортодонција Др. Мешкова.