Коронки

Коронки

Коронките се протетски изработки кои целосно го прекриваат забот и го заштитуваат од сите страни. Индикација за изработка на коронки се премногу оштетени заби, дисколорирани заби, девитализирани заби.

За да се изработи коронка потребно е забот да се препарира на специјален начин, да се земе отпечаток, а потоа изработената коронка да се цементира со што ќе се обезбеди максимално зацрвстување.

Улогата на коронките

Улогата на коронките е од естетска, фонетска и функционална природа каде треба да се зголеми изгубената моќ на веќе ослабениот коронарен дел од забот.

Главни ндикации за изработка на корнка се:

  • премногу големо оштетување на забот кое не може да биде надополнето со пломба.
  • ако забот е ендодонтски третиран и не може да го издржи соодветниот притисок за џвакање
  • да се препокрие имплант
  • кај пациенти со изразена абразија и бруксизам

Постојат неколку типови на коронки:

  • метал керамика (неколку типови)
  • без метална керамика (циркониум диоксид со порцелан - CAD/CAM)

КОНТАКТ

Ул. Климент Охридски 15
1000 Скопје, Р. Македонија

Телефон: +389 2 3226 733
Email: info@karakamchev.com.mk