Опрема

Ласер

Во нашата ординација Ви ги нудиме сите стандардни стоматолошки интервенции, изведувани со високо технолошки методи и со помош на последната генерација на технички современата стоматолошка опрема и апаратура. Тука цениме дека би Ви го задржале вниманието со малку подетален осврт на употребата на ласерот во стоматолошката пракса, затоа што Вие имате право да знаете што е најново и најдобро за Вас.

Поседуваме три различни типови на ласери:

Не би Ви говореле многу за нашиот дијагностички ласер, кој прецизно и безболно покажува кој заб колку е расипан и за биостимулативниот ласер, со кој го помагаме заздравувањето на разни инфицирани ткива. Ние би сакале да ја потенцираме употребата на тврдиот ласер во најсовремената стоматолошка пракса.

ШТО Е ЛАСЕР?

Апарат кој со специфичен светлосен зрак, Ви овозможува:

  • безболно и без анестезија стругање на забот,
  • чистење на кариесот, и воедно стерилизација на очистената забна шуплина,
  • обработка на пародонталните џебови
  • стерилизација на коренските канали при резистентни и хронични инфективни процеси
  • ласерско белење на забите
  • многу хируршки погодности
 
Микроскоп

Следејќи ги новите текови на модерната стоматологија, работата во нашата ординација ја унапредивме со една многу моќна алатка – денталниот микроскоп KaVo Leica. Овој микроскоп е од голема помош кај сите случаи кои бараат работа во микро поле. Напредната ендодонција – третирање на кореновиот канал на забот е една од областите каде најмногу го применуваме овој микроскоп, бидејќи со зголемување на работното поле успеваме да откриеме канали кои не се гледаат со голо око. Дополнително, поради многубројните можности на микроскопот може она што го работиме да се сними и истото да го види пациентот на монитор, дури и при самата работа.

 
Panoramix X-RAY

Нашата ординација располага со дигитален панорамикс апарат. Со дигиталната панорамикс технологија ја имате снимката за само петнаесетина секунди со значително помало зрачење споредбено со класичните панорамикс апарати. Притоа добивате и ЦД со целокупниот софтверски програм, со кој практично се возможни сите потребни анализи на коските и анатомските специфичности во лицевиот предел.

 

КОНТАКТ

Ул. Климент Охридски 15
1000 Скопје, Р. Македонија

Телефон: +389 2 3226 733
Email: info@karakamchev.com.mk