Случаи

Случај 1 повеќе информации...
 

Пациент со многу лоша клиничка слика на целото забало. Третманот опфати неколку процедури: лекување на неколку заби и поставување на фибер глас надоградби, чистење од кариес и стругање на сите заби. На крај направени се мостовни конструкции од порцелан и добиена е повторна хармонија во устата

Случај 2 повеќе информации...
 

Пациент со екстрахирани (извадени) горен втор премолар, прв молар и втор молар кај кого е направена имплантација на позиција на втор премолар и втор молар. По период од три месеци поставен е абатмент на имплантите и направена е мостовна конструкција врз двата импланта

Случај 3 повеќе информации...
 

Пациентка со простори меѓу предните заби (дијастеми) и недостаток на двојките (анодонција на трајни латерални инцизиви). Направена е реконструкција со специјална техника на изработка на композитни ламинати со што е постигнат голем естетски ефект

Случај 4 повеќе информации...
 

Пациентка со кариозни лезии на забите во фронтот. Направено е чистење на кариес со ласер и ретенција и изгубеното забно ткиво е надокандено со висококвалитетни композитни пломби со што е постигната максимална естетика и функција на предните заби.

Случај 5 повеќе информации...
 

Пациентка со дисколорирани тетрациклински заби кои се специјално припремени за надокнада со композитни реставраторни фасетки. Постигнат е естетски и функционален ефект

Случај 6 повеќе информации...
 

Пациент кој по завршениот третман со фиксна протеза поради анодонција на горен латерален лев инцизив и рудиментиран десен втор инцизив направена е корекција со коронки од циркониум порцелан (CAD/CAM)) со што е постигант естетски и функционален ефект

Случај 7 повеќе информации...
 

Пациентка со простор меѓу предните два централни инцизиви (дијастема медина) каде е решен овој проблем со порцелански ламинати со што видлив е резултатот.

Случај 8 повеќе информации...
 

Пациент кај кој поради болки и оток на централниот инцизив направен е третман на коренскиот канал со користење на вертикална топла кондензација при што може да се види како оваа метода може да ги затвори сите акцесорни канали поради стопената гутаперка

Случај 9 повеќе информации...
 

Пациент со оток во пределот на првиот премолар кај кој е направен третман на коренскиот канал со помош на вертикална топла кондензација. По контрола после една година има видливи резултати поради доброто чистење и стерилизација со ласер на каналите како и оптурација со топла гутаперка. Формирано е ново фиброзно ткиво со што кај овој заб третманот е успешен т.е. не се преминува на хируршко лекување (апикотомија)

Случај 10 повеќе информации...
 

Пациент кај кој е направено лекување на коренските канали на долен прв молар при што јасно може да се види со користење на вертикална топла кондензација веднаш по полнењето како се запечатени на самиот врв каналите на корените со што е сведена на минимум повторната појава на периапикален процес

КОНТАКТ

Ул. Климент Охридски 15
1000 Скопје, Р. Македонија

Телефон: +389 2 3226 733
Email: info@karakamchev.com.mk